Шведскискиот министер за надворешни соопшти дека Стокхолм ќе се дистанцира од сириските Курди

Од:

Пред патувањето на шведскиот премиер во Турција следната недела, шефот на шведската дипломатија Тобијас Билстром рече дека Стокхолм треба да ја увери Анкара со тоа што ќе се дистанцира од курдските групи во Сирија, јави ДПА.

– Владата во Стокхолм повеќе не сака да ја поддржува курдската милиција Сили за заштита на народот (YPG) и нејзиното политичко крило Демократската унија (PYD), изјави Билстром за локалните медиуми.

Според медиумските извештаи, тој посочил дека двете организации се премногу тесно поврзани со забранетата ПКК, која Европската Унија ја означува како терористичка организација. – Тоа не е добро за односите меѓу Шведска и Турција, објасни министерот Билстром.

Шведскиот премиер Улф Кристерсон во вторник треба да отпатува за Анкара за да го убеди турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган да ја прекине блокадата на Шведска и Финска за приклучување кон НАТО.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Нацистички знамиња се појавија во Стокхолм на роденденот на Хитлер

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски