Шведска вознемирена поради убиството на 19-годишниот рапер

Од:

Шведската хип-хоп ѕвезда Еинар, 19-годишен рапер, беше застрелан во петокот вечерта во Стокхолм, што ја вознемири јавноста во таа скандинавска земја, кадешто се почести се оружените пресметки.

Убиството се случи по серијата напади, киднапирања и злосторства во изминативе години кои сведочат за порастот на насилството на малата сцена на шведскиот „гангста рап“ кој понекогаш е поврзан со мрежа на криминални банди.

Вистинско име на момчето е Нилс Курт Ерик Еинар Гренберг, кое веќе беше жртва на киднапирање во 2020 година. Тој е погоден од неколку истрели пред зграда во станбениот кварт Хамарби Сјоестад.

Еинар починал од повредите набргу откако брзата помош пристигнала околу 23 часот по средноевропско време во инаку тивка населба во близина на центарот на главниот град, изјави портпаролката на полицијата во Стокхолм, Тоу Хег.

Во тек е истрага за убиството, а полицијата ги испрашува сведоците за да се пронајде виновникот или виновниците.

Раперот кој пееше на шведски јазик беше најслушаниот пејач на Спотифај во Шведска во 2019 година, кога се прослави со песните „Katten and Trakten“ („Мачка во секторот“) и „Nu vi skiner“ („Сега кога блескаме“). Но, неговиот успех го следеа ривалството и конфликти со други домашни ѕвезди. Во многу од неговите песни, тој пееше за проблемите поврзани со малолетничката деликвенција, дрогата и оружјето.

Би можело да ве интересира

Вооружени напаѓачи убија седум патници во автобус во југозападен Пакистан

По петдневна потрага полицијата го уапси убиецот Емир Селимовиќ

Горан Наумовски

Граѓаните уплашени на местото каде што полицијата трага по монструмот Селимовиќ: „Може да ни дојде на врата“

Мајка и син свирепо убиени во Тузла, убиецот е во бегство

Убиство во кафе бар во градот Србица, причина е расправија за имот

А1он

Еден мртов, двајца повредени во престрелката во Чаир – детали од МВР и од Обвинителство

Катерина Ѓуровски