Шведска ракета по грешка падна во соседна Норвешка

Од:

Истражувачка ракета лансирана од страна на Шведската вселенска корпорација (SSC) од вселенскиот центар Есранџ во северна Шведска поради дефект падна во соседна Норвешка.

Ракетата достигна висина од 250 километри, каде што се спроведуваат експерименти во нулта гравитација, објави агенцијата.

„Слета во планините на надморска височина од 1.000 метри и на 10 километри од најблиската населба“, изјави за Ројтерс, Филип Олсон, шеф за комуникации во SSC.

Има процедура кога нешто тргне наопаку и ги известуваме шведската и норвешката влада, како и другите актери, рече тој.

Во тек е акција за собирање делови од ракетата и истрага за да се пронајдат технички детали и да се утврди што ја предизвикало непланираната траекторија на ракетата, соопшти агенцијата.

„Норвешките власти многу сериозно ги сфаќаат сите неовластени активности на норвешката страна на границата“, рече портпаролката на Министерството за надворешни работи.

Во случај на какво било прекршување на границата, одговорните треба веднаш да ги известат соодветните норвешки власти, вклучително и Министерството за надворешни работи, преку вистинските канали, рече таа.

– Министерството не доби никакво официјално известување за инцидентот од шведските власти, рече портпаролката.

Норвешкото министерство за надворешни работи соопшти дека не знае дали е предизвикана штета во областа каде што паднала ракетата, додека портпаролот на SSC изјави дека ракетата паднала подалеку од било кои населени места.

Би можело да ве интересира

НАТО оди чекор напред – се зајакнува границата со Русија на Арктикот

А1он

Масовниот убиец Брејвик не е ментално болен, тврдат норвешките психолози и психијатри

Норвешка: Воз излета од шините, најмалку едно лице загина

Хиперсонична ракета падна врз центарот на Лавов, има загинати

Шок во кралското семејство: Синот на принцезата призна дека физички ја нападнал девојката

Предраг Петровиќ

Кинеска ракета се распадна во вселената, во опасност се повеќе од 1.000 сателити

Горан Наумовски