Шведска нема да ја користи вакцината на „Модерна“ против Ковид-19 за луѓе родени во 1991 година и порано, по извештаите за можни ретки несакани ефекти како што е миокардитис, објави денеска Институтот за јавно здравје.
Шведскиот институт соопшти дека податоците укажуваат на поголема инциденца на миокардитис (воспаление на срцевиот мускул) и перикардитис (воспаление на слузницата на срцето) кај младите луѓе кои биле вакцинирани.
„Врската е особено јасна во случајот со вакцината на Модерна, особено по втората доза“, се вели во соопштението.
Сепак, се додава дека ризикот од миокардитис и перикардитис е многу мал.
Институтот сега за оваа возрасна група ја препорачува вакцината на „Фајзер/Бионтек“.
Претходно оваа недела, Шведската агенција за јавно здравје објави дека децата на возраст од 12 до 15 години можат да примат само вакцина „Фајзер“.
Европската агенција за лекови ја одобри „Фајзер“ во мај, а „Модерна“ за деца над 12 години во јули. паг/