Шведска го усвои законот за пристапување во НАТО додека чека ратификација

Од:

Шведскиот парламент денеска официјално го одобри законот кој ќе и овозможи на земјата да се приклучи на НАТО откако неговата апликација ќе биде ратификувана од сите 30 членки на Алијансата, пишува Ројтерс.

Шведска и соседна Финска поднесоа барање за влез во НАТО минатата година како одговор на руската инвазија на Украина. Сепак, овој процес е попречен од Турција, која, како и Унгарија, допрва треба да ги ратификува шведските и финските барања.

Очекувано, шведскиот парламент го усвои законот со големо мнозинство од 296 гласови за и 35 против. Левицата и Партијата на зелените гласаа против.

Би можело да ве интересира

Страшен напад во Шведска: Најмалку тројца ученици избодени со нож во училиште

НАТО распоредува дополнителни сили на Косово

Катерина Павлова-Николовска

НАТО одржува големи воени вежби на северот на Европа, учествуваат 150 авиони

Ана Ололовска

НАТО ја повика Приштина веднаш да ја деескалира ситуацијата во северно Косово

Министерство за одбрана: Италијанските воздухопловни сили ќе учествуваат во патролирање на македонското небо

Шведската армија регрутира војници и отвора бази

Горан Наумовски