Шведска ќе и обезбеди на Украина најголемиот пакет воена помош досега за речиси 700 милиони долари.
Киев ќе добие 90 оклопни возила, 90 борбени чамци и рачни гранати.
„Со поддршката на Украина, ние инвестираме во нашата безбедност. Доколку Русија победи, ќе имаме многу поголеми безбедносни проблеми отколку што ги имаме денес“, рече шведскиот министер за одбрана Пал Јонсон.
Заедно со претходните 14 пакети, шведската помош за Украина изнесува речиси 2,9 милијарди долари.