Шварценегер смета дека указот на Трамп е лудост

Од:

Познатиот глумец и поранешниот гувернер на Калифорнија, Арнолд Шварценегер во интервју изјави дека извршната наредба за имиграција на Доналд Трамп е лудост.

Шварценегер важи за еден од ретките конзервативци во Холивуд, но тој лично како имигрант и поранешен гувернер на Калифорнија не се согласува со Доналд Трамп во врска со забраната за влез во САД на жители од седумте претежно-муслимански земји.

„Терминаторот“ сега го води поранешното шоу на Доналд Трамп, „Приправник“, но тој и претседателот не се во најдобри односи, па дури и Шварценегер агитираше луѓето да не гласаат за Трамп.

Тој смета дека одлуката за забрана за влез на лица од тие седум држави е избрзана и лошо осмислена. Шварценегер смета дека ова е сензитивно прашање кое што треба добро да се проучи и да се посвети многу време и труд.

„Разбирам што сака да постигне Трамп, го разбирам и неговиот страв од луѓето кои доаѓаат тука со желба да направат штета, но постои друг пристап“ рече Шварценегер.

„Ова е лудо и ние изгледаме глупаво кога Белата куќа издава извршни наредби кои се толку лошо подготвени“ реагира Арнолд повикувајќи се на проблемот на луѓето со зелени карти или студенти кои излегле привремено од САД, а сега не можат да се вратат.

Тој се надева дека ова се само почетнички грешки на Трамп и дека брзо ќе се свести и ќе се поправи.

Запрашан и дали повторно планира да се занимава со политика, Шварценегер изјави дека едноставно тој не бил роден за тоа.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ