Шварценберг: Земан во своите постапки потсетува на нацистите и комунистите

Од:

Постапувањето на чешкиот претседател Милош Земан при решавањето на владината криза во земјата, поранешниот министер за надворешни работи Карел Шварценберг ја означи како обид за преземање на моќта, јави дописникот на МИА од Прага.

Шварценберг, во интервју за австрискиот весник „Клајне Цајтунг” изјави дека формалното толкување на Земан на чешкиот устав, го потсетува на некогашното искористување на толкувањето на Уставот за преземање на власта од страна на нацистите во Германија во 1933 година, како и на комунистите во Чехословачка во 1948 година.

Шварценберг, додава дека неговата партија ќе стори се, Владата на премиерот Јиржи Руснок, неодамна именуван од Земан да не ја добие поддршката во Парламентот.

– Земан е прв претседател избран директно од граѓаните и си мисли дека тоа автоматски му дава поголема правна моќ. Тврди, дека се придржува кон Уставот, но очигледно не е обврзан да го прави тоа, изјави Шварценберг, кој ја изгуби трката токму од Земан на претседателските избори во јануари година.

По оставката на премиерот Петр Нечас откако беа уапсени седум негови соработници меѓу кои и шефицата на Кабинетот заради корупција и прислушување, владината коалиција побара повторно таа да формира Влада, но претседателот на државата Милош Земан предложи составување техничка влада.

Останува отворено прашањето дали во рок од месец дена, новиот министерски Кабинет ќе ја добие поддршката од пратениците.

Би можело да ве интересира

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски

Вондрашек: Убиецот бил инспириран од терористички напад во Русија кој се случи оваа година

Убиецот од Прага на Телеграм го најавил масакрот

Масакр во Прага: Бројот на убиени се искачи на 17, најмалку 24 се ранети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Студентите на Универзитетот во Прага се обидоа да се сокријат од напаѓачот на покривот на зградата

Горан Наумовски