Швајцарски медиуми тврдат рускиот патријарх Кирил во 70-тите години работел за КГБ

Од:

Рускиот православен патријарх Кирил, близок поддржувач на претседателот Владимир Путин, работел за советското разузнавање додека живеел во Швајцарија во 70-тите години од минатиот век, објавија швајцарските дневни весници „Матен диманш“ (Maten Dimanche) и „Зонтагцајтунг“ (Sontagszeitung) повикувајќи се на декласифицирани архивски податоци.

Според весниците, досието на швајцарската федерална полиција за актуелниот духовен лидер на Руската православна црква (РПЦ) потврдува дека „монсињор Кирил“, како што е именуван во документот, „припаѓа на КГБ“, главната разузнавачка служба на СССР. Двата медиуми имале увид во досието во швајцарската федерална архива.

Во раните 70-ти патријархот Кирил, кој жестоко ја поддржува руската инвазија на Украина, живеел во Женева, каде што официјално ја претставувал Московската патријаршија пред Светскиот (екуменски) собор на црквите.

Кирил тогаш под оперативниот псевдоним Михаилов исто така имал задача да влијае на овој совет, во кој КГБ поставиле агенти во 70-тите и 80-тите години на 20 век.

Советскиот Сојуз си постави за цел да ја убеди институцијата во Женева да ги осуди САД и нивните сојузници и поумерено да го критикува недостатокот на верска слобода во СССР, наведуваат весниците и истакнуваат дека Руската православна црква „одбива каков било коментар за шпионски активности на Кирил во Женева“.

Светскиот совет на црквите изјави дека „нема информации“ на таа тема.

„Матен Диманш“ го барал внукот на патријархот Михаил Гундјаев, кој го заменил како претставник на Московската патријаршија во Женева. Гундјаев тврди дека Кирил „не бил агент“, иако бил „строго контролиран“ од КГБ.

Би можело да ве интересира

Патријархот Кирил: Секоја желба да се уништи Русија ќе значи крај на светот

Патријарх Кирил: Секој обид да се уништи Русија ќе значи крај на светот

А1он

Патријархот Кирил: Постои закана од војна од големи размери

Горан Наумовски

Патријарх Кирил: Господ го постави Путин на власт

А1он

Поглаварот на Руската православна црква Кирил заразен со Ковид-19, има тешки симптоми

А1он

Папата Франциск со критика до рускиот патријарх Кирил: Бог е мир и не нè води по патот на војна

Ана Ололовска