Папата Франциск со критика до рускиот патријарх Кирил: Бог е мир и не нè води по патот на војна

Од:

Папата Франциск денеска во Астана истакна дека Бог не ја насочува религијата кон војна, а медиуми пишуваат оти станува збор за имплицитна критика до рускиот православен патријарх Кирил, кој ја поддржува руската инвазија врз Украина и ја бојкотираше конференцијата на верските водачи во Казахстан.

На вториот ден од престојот во Казахстан, папата Франциск се обрати на Седмиот конгрес на лидерите на светските и традиционалните религии, собир каде присуствуваат христијани, Евреи, муслимани, будисти, хиндуси и лица од други вери.

Требаше да присуствува и патријархот Кирил, но, тој ги откажа учеството, а Руската православна црква, сепак, испрати своја делегација.

Кирил со ентузијазам ја поддржа руската инвазија на Украина, што ја гледа како бедем против декадентниот Запад. Неговиот став предизвика раздор со Ватикан и почна внатрешна побуна што доведе до прекин на врските на дел локални православни цркви со Руската православна црква, потсетуваат медиуми.

– Бог е мир. Тој секогаш нè води по пат кон мирот, никогаш по патот на војната, истакна папата.

Во време „обележано со неволјите на војната“, „неопходен е чекор напред“ што „мора да дојде од нас“, повика папата, не спомнувајќи ја директно ситуацијата во Украина.

– Самата осуда на екстремизмот не е доволна… Сè додека се шират нееднаквоста и неправдата, нема да има крај на вирусите дури и полоши од Ковид-19, вирусите на омразата, насилството и на тероризмот, подвлече папата, меѓу другото.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Ватикан ги откри најновите информации за здравствената состојба на папата

Ана Ололовска

Папата им ги изми и бакна нозете на 12 млади затвореници

Ана Ололовска

Ватикан: Папата Франциско има тешка настинка

Ана Ололовска

Швајцарски медиуми тврдат рускиот патријарх Кирил во 70-тите години работел за КГБ

Горан Наумовски

Папата Франциск го осуди насилството во Израел и на Западниот Брег, повика на дијалог и потрага по мир

Ана Ололовска

Папата: Хомосексуалноста не е кривично дело, сите сме Божји деца

А1он