Штрајк во Италија, откажани речиси илјада летови, погодени 250.000 патници

Од:

Штрајкот во италијанскиот воздушен транспорт резултираше со откажување на речиси 1.000 летови, објави новинската агенција АНСА. Според синдикатот кој го свика штрајкот, на него учествувале речиси сто проценти од вработените кои се очекуваше да штрајкуваат, наведува агенцијата.

Само на главните италијански аеродроми во Рим, Милано, Неапол и Венеција откажани се неколку стотици летови, при што беа погодени околу 250.000 патници. Здружението за заштита на потрошувачите „Кодаконс“ смета дека штетите поради откажување и доцнење се во милиони, пренесува АНСА.

Покрај копнениот персонал, штрајкуваа и пилотите на Малта Ер, кои управуваат со летовите на Рајанер во Италија, како и пилотите и стјуардесите на нискобуџетната авиокомпанија Vueling. Ова беше втор голем штрајк во Италија, по штрајкот на железницата во четвртокот што предизвика значителен прекин на јавниот транспорт.

Штрајковите ја погодуваат земјата, популарна дестинација за одмор, во екот на шпицот на туристичката сезона и топлотниот бран.

Би можело да ве интересира

Медиуми: Генералниот штрајк во Србија не успеа, се работи како и обично

Брнабиќ за штрајкот на N1: „Богови на манипулацијата“

А1он

Вучиќ за генералниот штрајк: Има многу лудаци во Србија

А1он

Деаноски: Ако не се постигне договор, не се исклучуваат штрајкови и тужби

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

А1он