Штрајк во „Бритиш ервејз“ ќе предизвика пет денови откажување на летови

Од:

Пилотите на „Бритиш ервејс“ најавија дека ќе штрајкуваат три дена во септември, што може да резултира во откажување на летовите во најмалку пет денови по ред, јави Би-Би-Си. Пилотите најавија дека ќе штрајкуваат на 9, 10 и 27 септември, бидејќи нивните барања за платите не беа исполнети.

Според Би-Би-Си, иако првите денови на штрајкот ќе бидат 9 и 10 септември, на некои патници кои имаат летови од 8 до 12 септември им било кажано дека летовите им се откажани и дека тие резервирале нови билети или побарале поврат на средства.

„Авиокомпаниите работат многу комплексно и во моменти кога има многу проблеми, може да се појави домино ефектот на летовите во други денови. Ние правиме се што можеме за да спречиме да се случи оваа не-фер акција и да ги уништи планираните патувања на нашите клиенти“, се вели во соопштението на компанијата.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он