Што вистински ги плаши терористите?

Од:

Си-Ен-Ен – Атланта

Мајкл Сусан е поранешен хуманитарен работник на ОН во Ирак и хонорарен доцент во њујоршкиот Центар за глобални прашања на Универзитетот во Њујорк, и е основач на њујоршката Женска инцијатива и партнер во www. goodloopmedia.com. Елизабет Вејнгартен е помошник уредник во вашингтонската тинк-тенк организација Њу Америка и помошник директор огранокот Глобална инцијатива за полова еднаквост. Мислењата изразени во овој коментар се исклучиво на авторките.

Дури и терористите имаат стравови. А прашањето за половата еднаквост излегува дека се рангира прилично виско на нивните листи на најлоши кошмари.

За нив логиката е едноставна. Жена со права никогаш нема да ја прифати бруталната идеологија која ја наметнуваат терористичките лидери како закон на нивната територија.

Образованите жени и девојки фундаментално ќе се спротивстават на структурата на моќта на организациите, како што е Исис. Оттука, ако им го одземете правото на глас, тие мора да бидат обесправени и присилени на ропство.

– Нема сомнение дека фокусот врз жените е клучен елемент – а не нуспроизвод – на идеологиите кои ги наметнуваат овие организации, ни рече Санам Нараги-Андерлини, коосновач на Мрежата за акција на меѓународното цивилно општество.

Па така каква било  успешна стратегија против овие организации и во центарот на планирање на политики мора на прво место да ги стави правата на жените. За тоа се потребни повеќе од зборови или неколку милиони долари усмерени кон училишта за девојчиња.

Потребно е фундаментално протресување на американската парадигма во надворешната политика, на се: од помошта до сојузништвата. Потребно е ангажирање на жените на теренот – жените кои во моментов се борат со нечестивите организации кои на жените им ги одземаат основните човечки права.

Дали некоја организација или држава која одбива да се придружи да работи кон полова еднаквост е корисник на нашите пари, оружје или на политички капитал? Секој ентитет кој одбива да третира барем половина од своето население еднакво со другата половина, не може да се очекива дека ќе ги штити малцинствата и дека ќе промовира толерантност.

Со други зборови, одржувањето на притисокот врз жените е спротивно на американските интереси и оттука треба да бидат дисквалификувани американските инвестиции. На крајот, дел од причините Америка недвосмислено да инвестира и да дава помош е да им помогне на нациите да се приближат кон поголема инклузивност и кон потолерантно владеење.

Принципот за градење на надворешната политика околу заштитата и обезбедувањето на поголеми права за жените и девојките треба да биде очигледно од претходните искуства: прогресот на половата еднаквост отсекогаш бил централно во нашето пристапување во вистинска демократија (иако треба да изодиме уште долг пат на фронтот на родовата рамноправност). Исто слично би било клучно и било каков обид да се спасуваат области кои станаа гнезда на екстремистичката идеологија.

По се, не е случјаност што некои од државите каде правата на жените се на најниско ницво исто така создаваат многу џихадисти за Ал Каеда и Исламска држава.

И во многу од тие држави правата на жените не само што стагнираат, туку и уназадуваат. „Иако борбата за традиционалната улога на половите не е нешто ново, порастот на религиозниот екстремизам… го сопира, а понекогаш и уназадува скорешниот прогрес кој се постигна во однос на правата на жените и истуркувањето на жените од јавната сфера“, стои во политичкиот извештај на Ицан од пролетта 2014 година, каде се наведени Тунис, Аклжир, Либија, Јемен и Египет како примарни примери за овој тренд.

Извештајот „Глобалниот јаз“ кај половите на Светскиот економски форум за 2014 година го поткрепува овој впечаток.

Оваа листата ги рангира држави според перформансите во намалувањето на диспаритетот во третманот и пристапот помеѓу мажите и жените. Постојано некои од најлошо рангираните држави на економскиот индекс за моќта – и на севкупната листа – (Тунис, Египет, Турција, Либија, Авганистан, Алжир, Саудиска Арабија, Иран, Јордан, Сомалија, Пакистан и Сирија) се исто така и држави каде екстремизмот е во пораст, а во некои случаи дури веќе и ја презема власта.

– Во делови од Сирија, Ирак и на Синај, екстремистичките организации имаат поголемо влијани врз условите на теренот, и врз слободите на луѓето кои тие не ги уживаат, отколку самата влада, вели Ванеса Такер, попретседател за анализи во Фридом хаус.

Останува прашањето зошто овие организации целат врз жените? Се се сведува на наметнувањето на контролата. Често екстремистичките организации им служат на заблудените млади мажи кои заради нивните нестабилни животни околности не се способни да се оженат, да имаат безбедна работа, да си оформат семејства, а оттука и да ја наметнат традиционалната машкост. Затоа „контролата врз жените и нивната подреденост е дел од пораките и идеологијата која изгледа дека добро се прифаќа“ кога се регрутираат мажи, вели Нараги-Андерлини.

Еден од првите чекори во доминацијата е контролата на информациите. Исто како што нацистите биле обземени со палењето на книги и искоренувањето на слободномислечки групи чие постоење можеби е некомпатибилно со еднопартискиот фанатизам, така и исламистичките екстремисти се посветени за затворање на секоја институција која на жените им обезбедува образование.

Во Авганистан, на ученичките на седум или осум годишна возраст талибанците им се закануваат па дури и ги убиваат ако одат на школо.

Во Нигерија, стотици девојчиња беа грабнати од училиштата на почетокот на минатата година. Можеби најпознатиот пример е добнтикот на Нобеловата награда, Малала Јусафзаи, пакистанското девојче кое беше цел на планиарно убиство и кое талибанците ја избраа како пример за всадување страв кај другите активисти за образование на девојчињата. Иако беше погодена во главата кога нејзиниот школски автобус падна во заседа во 2012, таа преживеа.

Неодамна во јазидските и курдските делови во Ирак, кои беа заземени од борците на Исламска држава, млади жение беа грабнати како робови и многу од нив сега живеат живот под најлоши можни услови.
Во неодамнешна емисија на Светскиот сервис на Би-Би-Си слушнавме за телфонскиот повик кон еден курдски борец од језиди жена која била земена како робинка.

– Ако знаете каде сме, ве молиме бомбардирајте не, му рекла жената во плач која живее во бордел. „По ова за нас повеќе нема живот. Јас секако самата ќе се убијам – други се самоубија утринава. Силувана сум 30 пати, а веќе не е ниту време за ручек. Не можам да одам во тоалет. Ве молам, бомбардирајте не“.

Парите кои помогнаа да се издигнат Исис и другите терористички организации доаѓаат од земји кои сега тврдат дека се сојузници, но кои прифаќаат религиозни идеолигии кои во теорија се слични, иако не и секогаш брутални во пракса (барем не според видеата на јутјуб) како што е Исис.
Идеологиите на вахабистите и салафистите од сунитска страна, и оригиналниот бренд на иранските ахјатоласи за систематско угнетување на женските слободи, сите царуваат во држави каде се изродија екстремистичките групи.

Во тој контекст, тешко дека куражи кога ќе се слушне дека турскиот претседател Ердоган неодамна изјави дека жените не треба никогаш да бидат еднакви со мажите – во исто време кога ОН ја засилуваат 16-дневната кампања за да се подигне јавната свест против насилството врз жените низ целиот свет (од ОН проценуваат дека една третина од жените во светот доживуваат чин на насилство против нивнот пол).

Помагајќи им на држави кои активно поддржуваат организации кои се спојуваат со Исис, изгледа дека САД избираат краткорочно сојузништво на интереси наспроти долгорочно усогласување на принципи. Остварувањето прогрес во правата на жените треба да биде критериум за нашата помош и заштита.

Врските помеѓу помошта и прогресот не се нови. На пример, заемите од Светска банка се веке дел на заложбите за економски реформи. а Корпорацијата милениумски промени, независна американска агенција за помош која има централна улога во воспоставување на политики, дава помош на основа на различни идикатори за политика, меѓу кои се граѓанските слободи, здравјето на децата, па дури и завршување на основното образование на девојчињата.

Но посилен акцент кон прогресот за полова еднаквост ќе помогне да се причисти важноста од ова прашање за САД, и можеби ќе инспирира и други глобални институции да ја направат половата еднаквост приоритет.

Во ова критично време, од најголема важност е да реагираме јасно кон порастот на бруталноста кон половина од човештвото. Мораме да сфатиме дека само политиката која ги дава нашите пари онаму каде сме најгласни по прашањето за половата еднаквост, ефикасно ќе ја промовира толеранцијата и стабилноста.

Би можело да ве интересира

Петмина тинејџери обвинети за тероризам по нападот со нож во црквата во Сиднеј

Две лица се повредени во терористички напад во Ерусалим

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Снимки од апсењето на терористите во Русија, откриени и нивните имиња

А1он

Во Њујорк: Автомобил полн со канти со бензин удри во луѓе, загинаа две лица, а петмина се тешко повредени

Горан Наумовски

EУ стравува од терористички напади, најголемата закана се напаѓачите „волци“