Што сака Украина да постигне со мировните преговори во Саудиска Арабија

Од:

Украина на денешните мировни преговори ќе предложи прекин на огнот што ќе ги опфати Црното Море и ракетни напади со долг дострел, изјавија двајца високи украински функционери, пренесе Скај њуз.

Според нив, предлогот наводно вклучува размена на затвореници.

Официјалните лица, кои сакаа да останат анонимни, изјавија за Асошиетед прес дека украинската делегација е исто така подготвена да го потпише договорот за минерали со Соединетите држави за време на разговорите.

Во објава на Телеграм, Андриј Јермак, шеф на украинскиот претседателски кабинет, рече дека Киев денеска ќе ги „заштити украинските интереси“ со „јасна визија како да се стави крај на војната“.

Киев, исто така, се очекува да ги поттикне САД да продолжат со воената помош и размената на разузнавачки информации, откако Вашингтон ги прекина и двете минатата недела.

Американскиот државен секретар Марко Рубио посочи дека двата аспекта на украинската поддршка би можеле да продолжат доколку Киев се заложи за мировниот процес. Рубио рече дека суспензијата на помошта настанала затоа што сметаат дека „Украинците не се посветени на преговорите за ставање крај на војната“.

Тој рече дека ако тоа се промени, веројатно ќе се промени и американската политика. „Се надевам дека ќе имаме навистина добар состанок и ќе бидеме во поинаква позиција“, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Рама се држеше за главата додека го слушаше Зеленски

Трамп: Во најдобар интерес на Украина е да постигне договор со Русија

Трамп: Москва покажува подготвеност за отстапки, мировните преговори влегуваат во нова фаза

Политико: Зеленски се соочува со тежок избор – Планот на Трамп или нестабилни Европејци

Горан Наумовски

САД го прекинаа финансирањето на војната во Украина по наредба на Трамп

Фински аналитичар: Америка ѝ помага на Русија да го понижи НАТО