ВИДЕО: Си преговарате сами со себе, Иран го исмеа Трамп

Од:

Портпаролот на иранската војска ги исмеа американските напори за воспоставување примирје, велејќи дека Американците всушност преговараат сами со себе. Неговата реакција дојде кратко откако администрацијата на Доналд Трамп испрати предлог за прекин на огнот од 15 точки до Иран преку Пакистан, пишува Асошиејтед Прес.

Во претходно снимена изјава емитувана на иранската државна телевизија, потполковник Ебрахим Золфагари тврди дека стратешката моќ на Соединетите Американски Држави се претворила во „стратешки неуспех“.

„Ако навистина сте глобална суперсила како што тврдите, веќе ќе се извлечевте од овој хаос. Не обидувајте се да го прикажете вашиот пораз како договор. Времето за вашите празни ветувања е завршено“, рече Золфагари.

„Дали вашите внатрешни конфликти ескалираа до точка каде што преговарате сами со себе?“, праша тој. „Нашата позиција е иста од првиот ден и ќе остане таква: некој како нас никогаш нема да се согласи на договор со некој како вас. Ниту сега, ниту никогаш“, заклучи тој.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Републиканец покрена импичмент на Хегсет: Можеби сега ќе ги нарекува луѓето дебели и пе*ери“

Рубио: Нема напредок во преговорите со Иран, барањата на Техеран се неприфатливи

Багеи: Планот на Иран за ставање крај на војната е најлогичната патоказ

Џефрис: Хегсет мора да си оди, ја загрози националната безбедност на САД

(ВИДЕО) Трамп: Омразата меѓу Путин и Зеленски е главната пречка за мир, Украина ќе има поинакви граници

Техеран ѝ се закани на Америка со разорен одговор, Аракчи порача: „Ќе ги видите резултатите“