Што е следно за Хилари Клинтон?

Од:

Изборите во САД што туку завршија, а 2016-та веќе е тема на разговор, а со тоа се отвора и неизбежното прашање – Ќе се кандидира ли Хилари Клинтон, пишува Њујорк Тајмс.

Клинтон, која се повлекува од функцијата државен секретар, засега ја отфрли таа можност, но додаде и дека „никогаш не знаеш што носи иднината“.

Весникот пренесува дека податоците од одделни држави покажуваат дека граѓаните веќе и даваат предност на Клинтон во однос на другите кандидати на демократите (Клинтон 58%, Бајден 17% во Ајова) и веруваат дека токму таа „мора да биде првата жена претседател на САД“.

„Луѓето ми приоѓаат и ме прашуваат. Ја отфрлив таа можност, но знаете веќе каква сум. Луѓето прашуваат, јас велам дека нема да се кандидирам, но навистина не знам што ќе правам“, рече Клинтон.

„Едвај ја чекам следната година. Сакам да спијам, да вежбам, да патувам. Звучи толку обично, но тоа не можев да го правам во претходните 20 години. Би сакала да видам дали конечно можам да престанам да бидам уморна“, додаде Хилари.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас