Што е проблемот со Југоисточна Азија?

Од:

Хуриет Дејли Њуз – Истанбул

Пред 30 години поголемиот дел од Југоисточна Азија беше предводен од криминални диктатори. Потоа Филипините му покажаа на светот како да се откачат од диктаторите без насилства и нивниот ненасилен пример беше следен и копиран низ целиот свет. Но, сега нештата се враќаат на старо токму онаму каде и почнаа.

Демократската револуција на Филипините во 1986 година беше брзо следена од ненасилната смена на генералите на Тајланд во 1988 година (иако тие продолжија да вршат преврати на секои неколку години), а потоа и во 1998 со падот на диктатурата на Сухарто во Индонезија по триесет години. Потоа примерот се прошири низ цела Азија (демократската револуција на Тајван и во Јужна Кореја, па дури и единствениот пример во Кина).

Демократскиот бран го заплисна и остатокот од светот: Источна Европа и поранешниот Советски Сојуз од 1989 до 1991, Јужна Африка во 1994, голем број латиноамерикански и африкански држави во изминатите 25 години, па дури и храбриот (но неуспешен) обид за демократизација на неколку арапски држави. Многу повеќе луѓе сега живеат во демократски држави отколку во диктатури.

Но, во лулката на ненасилните револуции, нештата се враќаат по старо. Родриго Дутерте, претседателот на Филипините, е самоназначен убиец кој се фали колку луѓе убиле неговите одреди на смртта. – Ако сте корумпиран, ќе ве качам на хеликоптер над Манила и ќе ве исфралм од него. Сум го правел тоа и претходно, зошто да не го повторам?, изјави тој во декември.

„Дутерте Хари“ (како што е нарекуван алудирајќи на ликот на Клинт Иствуд во филмот „Валканиот Хари“ („Дрти Хари“)) беше избран за претседател со огромно мнозинство минатата година и се уште е многу популарен кај обичните Филипинци. Но, ова не е демократија; тоа е популистичка демагогија од најекстремен вид.

Околу 8.000 осомничени дилери на дрога и зависници беа убиени од полицијата, по најтопла препорака и поттик од страна на Дутерте, откако тој беше избран минатиот јуни.

Судбината на тајландската демократија е еднакво одбивна, иако диктаторите таму носат воени униформи.

Демократијата на Тајланд, длабоко поларизирана од долготрајната политичка битка меѓу урбаната средна класа и сиромашниот рурален слој, падна по воениот удар во 2014 година. Две години подоцна, Тајланѓаните ратификуваа устав, кој и гарантира на војската постојана надмоќ над политичкиот систем, меѓу кои и правото да ги назначува сите 250 членови на Сенатот. И покрај тоа, сега војската ги одложи и ветените избори од оваа за 2018 година.

Демократијата во Индонезија се уште опстојува, и последниот претседател Јоко Видодо, е вистински популарна личност со непобитна чесност. На изборите во 2014, тој лесно го збриша неговиот противник, поранешен генерал и зет на стариот диктатор Сухарто. Но, постојат знаци за пораст на екстремизмот во наголемата земја каде мнозинството се муслимани.

Тврдата линија на Фронтот на бранителите на исламот (ФПИ), кој бара шеријатски закони во земјата каде 15 проценти од населението не се муслимани, доведе до насилни демонстрации против Басуки Пурнама, градоначалникот на Џакарта, кој по потекло е Кинез христијанин. Тој се соочува со жестоки обвинувања за „навредување на Исламот“, но вистинското противење на ФПИ е дека немуслиманите не смеат да имаат позиции во власта врз муслиманите.

Постои голема поддршка во овој став меѓу голем дел од муслиманите во главниот град – а работите да бидат уште полоши, многу високи воени и полициски службеници имаат блиски врски со екстремистичката организација. Индонезиската демократија всушност најздравата во регионот, се соочува со сериозни закани.

Потоа тука е и Мјанар, последниот конвертит кон демократија во Југоисточна Азија. По повеќе од половина век под речиси целосна воена управа, Аунг Сан Су Ќи, добитничката на Нобеловата награда и лидер на демократската опозиција, конечно е ефикасен лидер на демократски избрана влада.

Но, таа се уште управува под вето од војската и треба да ги затвора очите за бруталните напади врз припадниците на муслиманското малцинство Роингја, кои армијата и другите ултранационалисти воопшто и не ги сметаат за Мјанмарци. Армијата го користи овој конфликт за да ги спроведува своите националистички стратегии и да ја попречува лабавата демократска влада, а „Дамата“, како што ја нарекуваат, не се осмелува да се спортивстави на тоа.

Не постои држава во Југоисточна Азија каде демократијата е навистина сигурна и во повеќето случаи главната причина е огромната моќ на националните армиски и полициски сили. Борбите за власт на старите политички и економски елити и „новите“ политичари како што е Видодо во Индонезија и братот и сестрата Таксин и Јинглук Шинаватра на Тајланд, кои беа сменети со државни удари, исто така играат голема улога.

Но, има уште други нови демократии со премоќни воени и привилегирани елити кои не сакаат да се предадат, но сепак стапката на неуспеси е значително помала во споредба на Блискиот Исток. Можеби постојат извесни културни фактори кои ги обединуваат земјите од Југоисточна Азија, но не мора да е така: сепак има разни будистички, христијански и муслимански мнозинства.

И што е со нив? Можеби се работи само за лоша среќа. После се, не постојат никакви реални статистички докази за тоа.

Би можело да ве интересира

Најмалку 81 лице загина во невремето Трами на Филипините

А1он

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод