Штетата од снегот во Мадрид е 1,4 милијарди евра

Од:

Штетата што ја претрпе главниот град на Шпанија од незапамтеното количество снег минатиот викенд е најмалку 1,4 милијарди евра, објавија денеска градските власти на прес-конференција.

– Тоа е само прелиминарна проценка. Очекуваме сумата да се зголеми, изјави заменик-градоначалникот Брегон Виласис, во присуство на градоначалникот Хозе Луис Мартинез-Алмеиди.

Поради бурата „Филомена“, Мадрид беше парализиран од снегот, а температурата падна на рекордни -36 степени. Тоа беше првиот снег во Мадрид во изминатите 10 години и нападна околу половина метар.

Главниот град на Шпанија не регистрирал толку снег во изминатите 50 години.

Би можело да ве интересира

Снег во Скопје, врне и во останатите делови од државава

Интензивни врнежи од снег, отежнат е сообраќајот низ цела Босна

Предраг Петровиќ

Врне снег на Попова Шапка и на превојот Буково

Во Берово најстудено, најмногу снег на Попова Шапка

Во Берово најстудено -6, на Попова Шапка најмногу снег 47 сантиметри

На Плетвар магла, на Ѓавато слаб снег