Штајнмајер: Трамп е закана за американската и за светската безбедност

Од:

Шефот на германската дипломатија, Франк-Валтер Штајнмајер, изјави дека републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп, е закана за американската и за светската безбедност поради својата „политика на страв и на изолација“.

Штајнмајер посочи дека е загрижен поради, како што рече, двосмислените ветувања на Трамп. Тој ги посочува ветувањата на републиканецот дека „Америка повторно ќе ја направи силна“, како и најавата за намалување на бројот на војниците стационирани во странство.

– Тоа е контрадикторно и ме загрижува. Политиката на страв и на изолација ќе донесе помалку, а не повеќе безбедност и ќе биде опасна не само за САД, туку и за Европа, како и за остатокот од светот – рече Штајнмајер, кој наскоро ќе отпатува во Вашингтон на средба на министрите за надворешни работи и за одбрана, посветена на борбата против Исламска држава.

Штајнмајер веќе со месеци го критикува Трамп поради неговиот говор „Прво Америка“, но дава пофални зборови за кандидатот на демократите, Хилари Клинтон, нарекувајќи ја искусен експерт за надворешна политика.

Би можело да ве интересира

Трамп: Голем напредок кога станува збор за Украина, разговорите со Москва и Киев се одвиваат добро

А1он

САД, Русија и Украина веќе ги исцртуваат границите на новиот договор

А1он

Трамп објави документи во врска со атентатот на Џон Кенеди

А1он

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Трамп: Бев саркастичен кога реков дека можам да го направам тоа

Новиот премиер на Канада: Подготвен сум за разговори со Трамп за трговските односи

А1он