Штајнмајер: Брегзитот е неодговорно однесување

Од:

Одлуката на Велика Британија за заминување од ЕУ е неодговорна, изјави претседателот на Германија, Франк-Валтер Штајнмајер во обраќање пред Европскиот парламент.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, Штајнмајер, кој е поранешен германски министер за надворешни работи, уште во воведот на својот говор остро ја нападна одлуката за Брегзит и „британскиот популизам“, ветувајќи дека Германија ќе ја брани Европската Унија, која, според него, е „вредно наследство што не треба да биде напуштено, туку мора да се подобри“.

– Горчливо е чувството да се обратам на оваа пленарна седница првпат откако една земја членка започна процес на повлекување од ЕУ. Според мене, тоа е горчлива работа, не само како политичар, туку и како граѓанин на Европа. Да се врати контролата е силниот слоган што го слушаме деновиве секаде. Националистите нема да бидат во можност да го сторат тоа. Ние не ја губиме сувереноста, туку добиваме на сила преку ЕУ. Популистите го направија светот црно-бел и го претворија стравот во политички капитал, изјавил Штајнмајер во својот прв говор пред ЕП во Стразбург во својство на шеф на германската држава,

Според Штајнмајер, наивно е и неодговорно да се наведуваат луѓето да мислат дека тероризмот и климатските промени можат да бидат запрени со препреки од ѕидови.

– Целосно е неодговорно да се каже дека на овој свет која било европска држава, може да ги оствари своите економски интереси без ЕУ, рече германскиот претседател.

Штајнмаер пред европските пратеници порача дека тврдењето на американскиот претседател Доналд Трамп дека „Германија ја злоупотребува ЕУ за своите економски цели“ е недоразбирање, затоа што Германија е најголема и најнаселена европска земја, но постојат лимите што таа може да стори.

– Чувствуваме дека силна Европа не е само во наш интерес, туку дека е дел од нашиот идентитет и затоа сакаме да ја задржиме ЕУ заедно и да градиме заедничка иднина, ијзави Штајнмаер во обраќањето пред Европскиот парламент.

Во истражувањето на агенцијата „ЈоуГов“ за весникот „Ханделсблат“, објавено вчера, над 62 отсто од германските граѓани изјавиле дека сакаат нивната земја да биде дел од ЕУ.

Би можело да ве интересира

Светската сила на работ на банкрот, лоши прогнози за животниот стандард во Германија

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија