Штајнмаер: Санкциите можат брзо да бидат вратени, ако Иран не ја почитува спогодбата

Од:

Доколку Иран ја наруши постигнатата спогодба, партнерите од преговорите за неговата нуклеарна програма ќе бидат принудени да се вратат кон јазикот на санкциите, рече денеска германскиот министер за надворешни работи, Франк-Валтер Штајнмаер, цитиран од ТАСС.

– Ако се дојде до тоа санкциите можат многу брзо да бидат вратени, и тоа без гласање во Советот за безбедност на ОН, забележа тој и додаде дека сите одредби од договорот „ќе се контролираат многу строго“.

Тој изрази надеж дека спогодбата ќе се претвори во нешто повеќе од сеопфатно решение на конфликтот околу иранската нуклеарна програма. Според него, таа може да биде голем чекор кон мирот на Блискиот исток.

-Не е исклучено неговите противници да се обидат да го торпедираат неговото реализирање, посочи Штајнмаер.

Министерот изрази и убеденост дека спогодбата ги засилува позициите на оние струи во Иран, кои се изјаснија за мирни односи со соседите, затоа што граѓаните на Исламската република очекуваат нешто повеќе од воената реторика.

Шефот на германската дипломатија ја искажа намерата да го посети Иран, но рече дека засега нема конкретен план кога тоа ќе се случи.

Би можело да ве интересира

Светската сила на работ на банкрот, лоши прогнози за животниот стандард во Германија

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија