Штајнмаер: Германија во среда воведува мерки какви што не се видени во историјата

Од:

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер денеска предупреди дека ситуацијата со пандемијата на коронавирусот во земјата е крајно сериозна и посочи дека е пред излегување од контрола, па затоа од среда најави воведување на драстични мерки.

-Вирусот е се уште многу присутен. Затоа од среда ќе воведеме рестриктивни мерки што не се видени во историјата на нашата федерална држава. Ситуацијата е многу сериозна. Се соочуваме со пандемија што избега од контрола и секоја недела убива илјадници животи, рече Штајнмаер во видео пораката упатена до германскиот народ.

Штајнмаер апелираше до своите сограѓани да направат дополнителни напори за да помогнат во спроведувањето на овие нови ограничувачки мерки.

-Пандемијата трае речиси една година, а сега најважно е да се зачуваат здравјето и животот на луѓето. Во последниве месеци, поминавме долг пат, продолжувајќи заедно и се грижиме едни за други. Убеден сум дека пандемијата не може да ни ја одземе иднината, рече Штајнмаер и апелираше до граѓаните да го избегнат паничното божиќно купување во последен момент.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија