Штајнбрик гласаше, Меркел се уште не

Од:

Кандидатот за канцелар од опозициската Социјалдемократска партија (СПД) Пер Штајнбрик гласаше на денешните избори, самоуверено и со насмевка, јавија германските медиуми, дополнувајќи дека канцеларката Ангела Меркел тоа ќе го направи попладне на своето избирачко место.

Во дел од последните анкети пред изборите мала предност имаа владејачките партии, во дел – опозицијата. Набљудувачите се единствени само во ставот дека улога на фаворит без сомневање има канцеларката Ангела Меркел. Таа може да се надева на уште четири години на врвната позиција во Владата, со кој и да е коалиционен партнер, објави Дојче веле.

Доколку владејачката коалиција на партиите на Унијата (ЦДУ и ЦСУ) и ФДП (либералите) не освои доволен број гласови за да владее и натаму, можно е да дојде до голема коалиција, како во 2005 година, и на власт да бидат Унијата и СПД (социјалдемократите). Замислива е и црно-зелена коалиција на Унијата и Зелените, но можноста за таков сојуз беше исклучена пред изборите, исто како што се тврдеше дека нема да дојде до црвено-црвено-зелена коалиција, односно покрај СПД и Зелените, во евентуална владејачка коалиција да биде приклучена и Партијата на левицата. Шансите за СПД и Зелените сами да состават владејачка коалиција, според анкетите, не се добри.

Речиси 62 милиони Германци со право на глас ќе ја дадат довербата на една од 34 партии и 4.451 изборен кандидат. Околу 80.000 изборни места во 299 окрузи ќе бидат отворени до 18 часот, а набрзо потоа можат да се очекуваат првичните резултати од гласањето за 18. состав на Бундестагот.

Германија има сложен изборен систем мешавина на пропорцијален и мнозински во кој секој бирач има два глас – со првиот бира политичка избор за т.н. директни мандати во Бундестагот, а со другиот глас дава поддршка за партија.

Во Германија според Уставот од 1949 година ниту претседателот ниту канцеларот не се избираат со директно гласање на граѓаните туку само во Бундестагот или во Сојузното Собрание.

Би можело да ве интересира

Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник Матијас Еке

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад