61-годишен граѓанин на Шри Ланка починал од срцев удар, откако добил мошне висока сматка за електрична енергија, пренесуваат медиумите.
Човекот отишол во централата на електроенергетската фирма „Сејлон електрисити“, за да се жали поради невообичаено високата сметка, но му било речено дека истата е висока поради големото покачување на електричната енергија од минатиот месец, по што доживеал срцев удар, пренесува „Франс прес“.
Во извештајот не се наведува износот на сметката , но стои дека тој бил прилагоден на новата цена која била повисока за 50 проценти.
Шри Ланка е една од азиските држави со најскапа струја, со оглед на тоа што еден киловат-час изнесува до 0.37 долари.