Шпионски скандал: Германец продавал тајни податоци на Обама и ЦИА, добил 25.000 евра

Од:

Германија ја тресе нов шпионски скандал, бидејќи тајните служби откриле дека службеник на Сојузната разузнавачка служба (БНД), продавал достапни информации на контакти во САД. Според наводите на германските медиуми станува збор за 31-годишник вработен во БНД, кој поради пари стапил во контакт со американски дипломати и понудил соработка. Откако двете страни постигнале согласност, тој со своите нови „работодавачи“ договорил состанок на неутрален терен, односно во Салзбург, Австралија, каде што била направена зделката.

Се претпоставува дека службеникот на БНД од 2012 година на американците им доставил околу 200 документи, кои биле означени како строго доверливи, за што добил околу 25.000 евра.

Очигледно незадоволен од заработувачката, тој одлучил да побара нов извор за своите приходи, па се обратил до рускиот конзулат во Минхен.

Осомничениот е приведен, а при претрес во неговата куќа, наводно биле пронајдени доволно докази за шпионажа.

Имено тој се занимавал со прашањата поврзани со безбедност на германските војници во меѓународните мисии. Приказната веднаш го привлече медиумското внимание, а од канцеларијата на Ангела Меркел само потврдуваат дека се информирани за случајот.

Службените извори со цел да го смират германското јавно мислење, истакнуваат дека Американците од својот шпион барале да дојде до документи од парламентот, со кои американскиот службеник на Националната безбедносна агенција НСА, Едвард Сноуден, докажува дека НСА ги шпионирала Германија и канцеларката Ангела Меркел.

Германските извори наведуваат дека овој двоен агент немал пристап до документите од парламентарното тело и дека не е искомпромитирана неговата работа, но не кријат дека сепак станува збор за голем скандал. Е. Г.

Би можело да ве интересира

По неколку напади врз левичарски политичари во Германија и претставниците на АфД беа нападнати

Горан Наумовски

Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник Матијас Еке

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски