Шпионите од Шордич: зошто ГЦХК сака да ангажира хипстери?

Од:

Гардијан – Лондон

Одговорот на Дејвид Камерон на нападите во Париз беше пресвртница. На Самитот на Г20 во Турција, тој ги ревидирал наредните предлози за одбрана и безбедност, со кои се предлага регрутирање на уште 1.900 службеници за разузнавање во Ми5, Ми6 и ГЦХК (Владин штаб за комуникации). Но, полесно е да се вети, отколку да се изведе. Затоа што ангажирањето шпиони денес е можеби најтешкиот дел од шпионажата.

Всушност, во ГЦХК, каде се следат непријателските комуникации и се штитат британските податоци, процесот на регрутација веќе е во тек. Од минатиот понеделник, по улиците во Британија се испишани кодирани пораки: „ГЦХК-Кој? Можности за техничари gchq-careers.co.uk

Овие зборови се појавија на тротоарите во Манчестер, Бирмингем, Лидс, Волверхемптон и Шордич – не со спреј во боја, туку исцртани по валканштината на улиците со шаблони.

Изборот на Шордич е посебно интересен. Овој дел од источен Лондон, заради невобичаената активност која таму се одвива, е седиште на Силикон рандабаут, најголемот кластер на нови мали технолошки фирми во државата. Тоа е (или барем беше) и епицентарот на британските хипстери, а тоа покажува против што всушност се навртени разузнавачките агенции – не само против лошите момци, туку и против кул модерни работници.

Запомнете, шпионите треба да бидат умни. Многу умни. Повеќето од нив треба да бидат со високо образование во компјутерските науки или математиката. Како што стои на веб страната на ГЦХК: „Нашите специјалисти техничари работат со – и често развиваат – уникатни, најнапредни технологии. Нашите аналитичари собираат комплексни податоци и прават длабоки анализи“. Пронаоѓањето на такви вешти работници е проблем во многу индустрии, но за ГЦХК ова е кошмар. Есенцијално е што тие ја вршат својата работа во најголема тајност, па луѓето многу малку слушнале за нив. Тие дури не можат да регрутираат луѓе ниту од надвор, како што го прават тоа училишта или болници, бидејќи дури и најфиниот странец може да ја урне идејата за „национална“ безбедност.

Проблемот понатаму има друг слој на иронија, затоа што – ајде за момент да поедноставиме – ГЦХК всушност измислува компјутери. Машините „колоси“ кои Алан Туринг и Тому Флауерс ги создаваа во Флечер парк за време на Втората светска војна, се претворија во индустрија која вшмукува луѓе кои можеби и се наследниците на Туринг и Флауерс.

Постои извесен гламур во тоа да се биде шпион, да признаеме, но не смеете да се перчите со тоа. Тоа е сигурна работа со пристојна плата, но тоа нема да ви овозможи да станете следен Цукенберг. Исто така најверојатно ќе морате да работите во Челтенхем, или пак во Буде, Харогејт или во Скарборо – вистина, убави местенца, но можеби сеуште „непознати“ дури и за хипстерите. Да се прави нешто добро е најверојатно најпривлечното во шпионирањето, но исто така никој не сака да доживее заради деновите минати во канцеларија еден ден да не успее да сопре некој терористички напад.

Цртање со шаблон е далеку од новите алатки за рекламирање. Сепак, некој друг го прави тоа во Шордич, промовирајќи „12 недели техно“. Би изгледало малку забегано ако за ГЦХК се зборува како за ноќен клуб – овие реклами се наводно идеја која дошла од нивната агенција за регрутирање, Пена – но јасно е дека тие сакале да додадат малку возбуда во идејата за владиното следење на комуникациите. Порано тие објавувале специјални загатки кои само оние со вистински вештини можеле да ги декодираат. И тука сега има барем нешто одбивно во врска со шпионите кои се рекламираат со пораки, што на крајот може да биде и самоуништување.

Официјалниот став на ГЦХК е дека „секогаш бараме да се прошири нашиот фокус на регрутација, за да дојдеме до луѓе кои сакаме да ги регрутираме и затоа користиме палета иновативни канали за нашето рекламирање“. Но на крајот, тие не сакаа да ми кажат зошто тргнале по хипстери. Не сакаа да кажат ниту зошто не сакаат да зборуваат за тоа.

-Изгледаат баш кул, вели Алекс додека гледа во рекламата. Таа има 32 години, носи модерно сиво палто и пуши цигара. Работи со компјутери во локална фирма за внатрешен дизајн. Дали можеби таа размилсува да работи за ГЦХК? „Најверојатно не“. Зошто? „Прво, не сум чула за нив. А во моментов, бидејќи го сакам внатрешниот дизајн и архитектурата, би останала онаму каде сум“. Се согласувам, тоа би било голем скок од внатрешен дизајн во антитероризам. „Сепак, мислам дека би било интересно, еден вид шпионска работа. Можеби затоа што сум голем фан на Џемс Бонд“. Уште нешто: главната канцеларија е во Челтенхем. „О Боже, а јас живеам во Ејнџел. Не, нема да се малтретирам до Челтенхем. Извинете“. А Харогејт? Скарборо? Буде? „Си го сакам Ејнџел. Ејнџел е многу шик, и прекрасен и фантастичен“.

Следниот со кого разговарав е Џејк, 35-годишник кој е свежо избричен и во неговото сино сако е одраз на среден хипстер маж. И тој ги забележал рекламите. Дали тој има некои технолошки вештини кои може ќе го претворат во шпион? „Боже, не. Јас сум глумец“. Поентузијаст е Пол, исто на 35 години. Тој работи во рекламна агенција, но звучи како да би ја зграпчил шансата да влезе во ГЦХК. „Мислам дека би било баш интересно, барем поинтересно отколку работа од девет до пет. Но се си мислам дека нема да бидам доволно и соодветно квалификуван“, вели тој.

На крај доаѓа на ред Ник. Тој има 28 години, програмер е, убаво е облечен, но не доволно нападно за да биде дел од целната публика. Тој нема поим за што се рекламите, и кога му кажав баш и не се возбуди брзо. „Повеќе сакам креативни отколку деструктивни нешта“, ми рече тој. „Знам дека за заштита од кибер тероризам прво треба да бидете хакер, барем за почеток, а потоа да бидете на добрата страна. Мојата подготовка не е толку добра. Всушност, не знам точно што значи да се биде антихакер. Мислам дека за тоа е потребна посебна обука. Најверојатно би го сфатил тоа затоа што сакам такви работи. Ја почитувам националната безбедност, и во мојата компанија се прилично вклучени во тоа“.

Звучи како да се мести за оваа работа. И дали би размислил за неа? „Нема причина да не пробам. Секогаш кога гледам Ми5 или филм со Џемс Бонд, си мислам дека ова е баш гламурозно, но никогаш не сум размислувал за тоа како за работа. Тоа е повеќе филмски. Мислам дека би размислил ако сретнам некого кој го работи тоа. Или можеби ако некој јавно зборува за тоа, кој би бил во мојата позиција, и ако ако сето тоа не етолку таинствено и сокриено“.

За крај, прашањето убиец: дали би се преселил на некоја од локациите на ГЦХК? „Можеби на крајот и би се преселил, а тие места ми звучат баш убаво… Но во моментов си го сакам Лондон“.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он