Шпион на ИРА во ФБИ информирал за движењето на Маргарет Тачер

Од:

Ирската републиканска армија (ИРА) имала свој шпион во американското Сојузно биро за истраги ФБИ во Њујорк, кој ги информирал за сите детали од посетите на британската премиерка Маргарет Тачер.

Имено ИРА во тоа време била одлучна во изведба на терористички акции со дел да се избори за своите барања во Северна Ирска.

Посебно внимание се посветува на можен атентат на некој од британските премиери, па така Маргарет Тачер од 1979 година била нивна главна цел.

Во тек на конференцијата на Конзервативната партија во Брајтон во 1984 година, речиси успеале бидејќи премиерката ја избегнала бомбата во последен момент, но загинале пет лица.

ИРА имала силна организација во САД и подготвувала ликвидација на „Челичната дама“, но еден член на ФБИ во 1981 година пренел дека некоја жена, веројатно секретарка во Њујорк им овозможува пристап на членовите на ИРА до компјутерите, надзор на имиња и останати податоци.

Откако тогашниот директор на ФБИ, Вилијам Сешанс, дознал за таа информација , наредил сите податоци кои што се поврзани со заверата која имала за цел убиство на Маргарет Тачер, да бидат доставени само до најтесниот круг негови соработници.

Во таа завера биле вклучени и двајца Ирци, но посетата поминала без инцидент.

Маргарет Тачер добивала закани и во тек на останатите посети на САД, но сите поминале мирно.

Во 1992 година ФБИ покренало истрага и дошле до информација за лицето кое успеало да се инфилтрира во ФБИ. Иако „Гардијан“ наводно имал информации за случајот, имињата се избришани и не се знае идентитетот на лицето кое на ИРА и доставувало чувствителни информации.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

NBC News: Директорот на ФБИ се подготвува да биде сменет во новата администрација на Трамп

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

ФБИ уапси две лица во Мичиген поради смртни закани кон Трамп

Горан Наумовски

Паника во Америка: Изборните службеници добиле сомнителни пакети, случајот го истражува ФБИ