„Шпигл“: НАТО поради ниско рангирани талибанци го ризикуваше животот на цивилите во Авганистан

Од:

Покрај тоа што за свои мети во Авганистан ги имаше високите талибански претставници, НАТО на својата листа „легитимни“ цели имаше и многу пониско рангирани претставници на талибанците, со што ги доведуваше во опасност животите на цивилите, објави германскиот весник „Шпигл“.

Весникот повикувајќи се на документи доставени од поранешниот американски разузнавач Едвард Сноуден наведува дека американската Агенција за национална безбедност (НСА), потоа британската разузнавачка агенција GCHQ и мисијата на НАТО во Авганистан (ИСАФ) имале листа на „целнио убиства“ во периодот од 2009 до 2011 година.

„Шпигл“ истакнува дека на листата биле имињата на 750 лица кои биле мета на ИСАФ. Но, на листата имало и претставници од среден и нисок ранг на хиреархијата на талибанците. ТАквите операции носеле ризик и по цивилите.

– Според грубите проценки колатералната штета требало да биде десет цивили, а командантот на ИСАФ во Кабул одлучувал дека ризикот е оправдан, изјави за „Шпигл“ претставник на ИСАФ кој ги подготвувал листите.

Би можело да ве интересира

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Нордиските и балтичките земји ја поддржуваат улогата на НАТО во поддршката на Украина

Русија: Немаме намера да влегуваме во конфликт со НАТО