Шпигел: Садамов офицер „мозок“ на Исламска држава

Од:

Поранешен разузнавач близок до поранешниот ирачки претседател Садам Хусеин засллужен е за преземање на северна Сирија од страна на Исламска држава, објави Шпигел врз основа на документи вокој имал увид.

Весникот имал увид во документ од 31 страници кои се распоред и план за воспоставување калифат во Сирија. Тие документи се дело на човек идентификуван како Самир Абд Мухамед ал-Клифави. Тој е поранешен полковник во разузнавачката служба на ВВС на Садам Хусеин. Ал-Клифави дејствувал под псевдонимот Хаџи Бакр.

Со документите се покажува дека преземањето на северот на Сирија е дел од прецизен план на Хаџи Бакр, кој се остварува со помош на разни техники усовршени во безбедносниот систем на Садам, вклучително – надзор, шпионажа, убиства и киднапирања.

Бакр бил убиен во борбите со сириските бунтовници во јануари 2014 година, но пред загинувањето помогнал да се обезбедат делови од Сирија што за возврат зајакнало позиција на Исламска држава во соседен Ирак.

– Она што Бакр го оставил на хартија, страница по страница, со внимателно издвоени делови за поедичени должности, е план за окупација. Тоа не е манифест на вера туку технички прецизен план за Исламска разузнавачка служба, калифат кој води организација слична на источногерманската Штази, наведува Шпигел.

Весникот заклучува дека тајната на „успехот“ на Исламска држава е во комбинацијата на фанатизам на една група и стратешки калкулации на друга, предводена од Бакр. Германскиот весник наведува дека до документите дошле по долги преговори со бунтовниците во Алепо кои ги имале кај себе по протерување исламисти од нивни штаб во почетокт на 2014 година.

Би можело да ве интересира

Нападната е американска воена база во Ирак

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

Први видеа од иранскиот напад на Израел – небото над Блискиот исток празно

Анита Петровска Рајковиќ

Ирачкиот премиер прогласи тридневна жалост за жртвите од американските воздушни напади

(ВИДЕО) САД извршија одмазднички напади во Ирак и Сирија