Шпигел: Пратениците на СПД не го сакаат Шолц за кандидат за канцелар туку Писториус

Од:

Пратениците на Социјалдемократската партија (СПД) во Бундестагот на внатрешна средба изјавиле дека нивен кандидат за канцелар на специјалните избори во февруари во Германија треба да биде министерот за одбрана Борис Писториус, а не актуелниот канцелар Олаф Шолц, пишува Шпигел.

Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и нејзината сестринска Христијанско-социјална унија (ЦСУ) во моментов имаат убедливо водство во анкетите, со 32 отсто од гласачите кои ги поддржуваат, а нивниот кандидат за канцелар речиси сигурно ќе биде лидерот на ЦДУ Фридрих Мерц.

На второ место е Алтернативата за Германија со 19, а социјалистите се само трети со 16 отсто, што е за 10 отсто помалку отколку што победија на изборите во 2021 година.

Според Шпигел, пратениците на СПД им се придружиле на локалните и регионалните политичари во изразувањето сомнеж за шансите на Шолц да успее на изборите и го повикале Писториус да преземе водечка улога во кампањата.

Мнозинството од присутните на состанокот сметале дека СПД со Шолц нема да може да постигне респектабилен резултат на изборите и сметале дека Писториус мора да се вклучи во трката, во спротивно сојузните избори ќе бидат „катастрофа“ за нив.

Според истражувањето на јавното мислење на Институтот Форс, чии резултати беа објавени на 14 ноември, 39 отсто од гласачите во Германија би сакале Писториус да биде следниот канцелар, 25 отсто го поддржуваат Мерц, а само 13 отсто Шолц.

Истовремено, интересно е што 22 отсто од гласачите на коалицијата ЦДУ/ЦСУ го поддржуваат Писториус, а поразително за Шолц е тоа што го поддржуваат помалку од една третина од гласачите на СПД.

Би можело да ве интересира

Политико: Германската крајна десница користи вештачка интелигенција за да освои гласови

„Билд“: Напад кај споменикот на Холокаустот во Берлин, едно лице е тешко повредено

Германија: Не смееме сега да згрешиме и да му направиме услуга на Путин

Катерина Ѓуровски

Шолц по состанокот во Париз: ЕУ и САД не треба да се делат околу мировните преговори за Украина

А1он

И Германија е подготвена да испрати мировни трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски