Шпекулации околу повлекување на Меркел во 2015 година

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел би можела да се повлече во 2015 година оценува шефот на редакцијата на весникот „Билд“ во Берлин Николаус Блом.

Блом со својата нова книга за Меркел ги подгреа шпекулациите за политичката судбината на германската канцеларка, пренесува виенскиот весник „Стандард“. Блом тврди дека Меркел размислува по евентуална победа на сојузните избори во септември да не остане на власт полн мандат.

Неговата истрага во кругови на ЦДУ покажува дека Меркел знае дека во 2017 година не може уште еднаш да излее пред гласачите на парламентарните избори. Меркел е загрижена дека, по изборите во 2005, 2009 и 2013 година, веќе по четврти пат ќе ја предводи партијата, и стравува да не и досади на германската јавност, како Хелмут Кол, кој беше канцелар 16 години.

Во случај на изборна победа Меркел би се повлекла на половина од својот мандат во 2015 година, тврди Блом, додавајќи дека наследникот би имал две години да ја добие довербата на Германците през изборите во 2017 година.

Освен тоа, според Блом, Меркел која во 2013 година полни 60 години повеќе и се допаѓа сама да се повлече, отколку да биде сменета од гласвоите на граѓаниет.

Портпаролот на Меркел Штефан Сајберт ги отфрли ваквите тврдења, истакнувајќи дека канцеларката ќе излезе на избри и ќе остане полн мандат.

Би можело да ве интересира

Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник Матијас Еке

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад