Санчез: Главната цел на самитот во Мадрид ќе биде „единство на сојузниците“ и единство „меѓу НАТО и ЕУ“

Од:

Шведска и Финска, кои минатата недела ги поднесоа своите официјални кандидатури за членство во НАТО, ќе присуствуваат на самитот на алијансата во Мадрид во јуни, изјави шпанскиот премиер на форумот во Давос.

„Се разбира дека двете нордиски земји ќе бидат во Мадрид на самитот што ќе се одржи од 28 до 30 јуни“, изјави Педро Санчез, кој за тоа беше прашан од претседателот на Светскиот економски форум Борге Бренде.

„Ова се две големи демократии… и верувам дека е многу важно да ги имаме како сојузници на НАТО“, продолжи Санчез.

„Атмосферата, актуелниот контекст и политичката желба на сојузниците е да работат на прашањето за тие две земји“, рече шпанскиот социјалистички лидер.

Тој нагласи дека Шпанија ќе го „забрза парламентарниот процес“ во кој ќе се ратификува приемот на двете земји. Поради руската инвазија на Украина, минатата недела Финска и Шведска официјално поднесоа барање за влез во НАТО, но Турција се спротивстави на членството на двете земји во алијансата.

Санчез рече дека главната цел на самитот во Мадрид ќе биде „единство на сојузниците“ и единство „меѓу НАТО и ЕУ“.

Во подготовка е „неформална вечера“ за време на самитот ЕУ-НАТО, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Членовите на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТO во „контрола“ на касарната „Илинден“

Повеќе од 10 рачни гранати биле пронајдени во ранецот на 15-годишно момче во Малме

НАТО сака Украина да биде напредна суверена држава откако ќе се постигне мир

Мицкоски: Значително ја подобривме интероперабилноста на нашите вооружени сили со оние на другите сојузници

Министерот Муцунски на министерски состанок на НАТО во Брисел

А1он

Муцунски од Брисел: Мора повеќе да инвестираме во безбедноста