Шпанската полиција заплени еден тон кокаин oд „Балкански картел“

Од:

Шпанската национална полиција во заедничка акција со цариниците во јужното пристаниште Алгесирас заплени речиси еден тон кокаин скриен во контејнери испратени од Јужна Америка, а дрогата му припаѓала на „Балкански картел“, објави полицијата на својата веб-страница.

„Балканскиот картел во моментов е најактивен на европско ниво“, се наведува во соопштението.

Полицијата тврди дека латиноамериканските групи му испраќаат кокаин скриен меѓу легални стоки во контејнери кои пристигнуваат со брод во шпанските пристаништа. Акцијата започна по дојава за пристигнување на контејнер со „значително количество кокаин“ во Алгесирас, едно од најголемите пристаништа во Шпанија, во провинцијата Андалузија.

Агентите кои подолго време ги истражувале активностите на „Балканскиот картел“ имале и информации дека и оваа група составена од граѓани од територијата на поранешна Југославија барала начин да го преработи тој кокаин. Истовремено, од Колумбија добиле предупредување дека брод од Еквадор, кој паузира во Колумбија, има намера да транспортира кокаин до пристаниште во Шпанија.

Агентите го идентификувале бројот на бродот, а кога запловил во Алгесирас, инспекторите ги отвориле контејнерите и пронашле 415 килограми од дрогата. Врз основа на нови информации дознале дека во Алгесирас пристигнува уште еден контејнер со дрога, па во него пронашле дополнителни 500 килограми кокаин, се наведува во соопштението.

„Тешкотијата во истрагата за членовите на овие организации лежи во нивната мобилност. Тие се способни да патуваат илјадници километри за да одржат состанок“, извести шпанската полиција.

„Истрагата продолжува со цел да се идентификуваат сите членови на мрежата и да се уапсат“, додаде таа.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсени се двајца дилери од Прилеп, пронајдена е дрога и пушка

Претрес во Кичево, пронајдена дрога, приведени двајца дилери

А1он

Претрес во Мала Речица, пронајдена е дрога

Горан Наумовски

Уапсен дилер од Штип, кај него пронајдена дрога и голема сума пари

Горан Наумовски

Со кражба на идентитет испрале десет милиони евра од кокаин

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога

Орце Костов