Шпанската покраина Галиција забрани пушење на улица и јавни места како мерка против ширењето на Ковид-19

Од:

Галиција, провинција во северозападна Шпанија, забрани пушење на улици и јавни места како што се кафе-терасите, за да го спречи ширењето на коронавирусот, а мерката може да се прошири и во остатокот од Шпанија.

Мерката стапува на сила денеска и се однесува на местата каде нема меѓусебно растојание од најмалку два метра меѓу луѓето, се вели во официјалниот документ објавен од регионалната влада.

Галиција, провинција со 2,7 милиони жители, во моментов има 827 заразени лица, што е повеќе за 87 во однос на претходниот ден.

Мерката беше предложена на регионалната Влада од страна на тим лекари специјализирани за превенција на болеста Ковид-19, по состанокот одржан вчера. Тие веруваат дека чадот од тутун претставува голем ризик за ширење на коронавирусот.

„Кога пушите цигари или користите електрични цигари на јавни и отворени места, вклучително и тераси, тоа може да биде исклучок само ако во секое време има растојание од два метра од другите луѓе“, се наведува во документот. Ваквите простори мора да бидат доволно пространи што во ниеден момент не може да се намали пропишаното растојание помеѓу пушачот и минувачот, или пушачот и другите лица.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата