Шпанија забрани транзит на оружје преку нејзините бази за Израел

Од:

Шпанија го забрани транзитот на американски авиони или бродови натоварени со оружје, муниција или воена опрема за Израел преку базите Рота (Кадиз) и Морон де ла Фронтера (Севиља).

Забраната се однесува и на оние што одат директно во земјата и на оние со крајна дестинација.

„Рота и Морон се шпански суверени бази, под команда на шпански воен офицер, и сè што се случува таму мора да биде одобрено од шпанските власти“, изјави за „Ел Паис“ извор запознаен со работата на Шпанско-американскиот заеднички комитет, кој управува со секојдневното користење на базите.

„Ел Паис“ понатаму објаснува, повикувајќи се на извори, дека сепак може да се случи дел од оружјето да помине во Израел, на таков начин што Шпанија ќе одобри лет од Соединетите Држави што оди до германска или италијанска база, а потоа авионот да лета за Израел без тоа да биде наведено во оригиналниот план за лет.

Би можело да ве интересира

Масовен напад од ирански беспилотни летала врз американската база во Кувајт

Трамп му постави ултиматум на Иран: „Само безусловно предавање“

(ВИДЕО) Бејрут повторно „гори“: Израел изврши 26 воздушни напади врз локации поврзани со Хезболах

Хезболах најавува одмазда: Израелците да ги напуштат градовите во близина на границата

Иран: Ракетите „Хајбер“ ја пробија одбраната на Израел

Израел: Во тек е нов бран напади врз Иран