Израел: Во тек е нов бран напади врз Иран

Од:

Израелските одбранбени сили (ИДФ) рано утрово објавија дека почнале да напаѓаат инфраструктура во Иран.

– ИДФ започна широк бран напади врз инфраструктурата на иранскиот терористички режим во Техеран, соопшти војската во објава на Телеграм.

Израел, кој го напаѓа Иран од саботата, соопшти дека преминува во следната фаза од вооружениот конфликт.

„Во оваа фаза, дополнително ќе го демонтираме режимот и неговите воени капацитети“, рече началникот на Генералштабот Ејал Замир.

Тој, исто така, најави „понатамошни изненадувања“ за идните операции во Иран, без да прецизира за што станува збор.

Иран започна напади врз цели во земјите од Персискиот Залив, вклучувајќи ги американските воени бази и дипломатските канцеларии, како одговор на американските и израелските воени напади во Иран.1

Би можело да ве интересира

Иран ја повика Франција да ги почитува човековите права за време на ученичките протести и осуди прекумерна употреба на сила

Предраг Петровиќ

Пилоти се истепале во авион за Тел Авив: Израелците мислеле дека е киднапирање, кренале ловци

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трамп тврди дека спречил Иран да го „збрише“ Израел

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трамп го одби планот, Иран повикува на дипломатија

Аракчи: Иран ќе започне со отворање на Ормутскиот теснец штом Вашингтон го прифати предлогот

А1он

ВИДЕО: Четворица малолетници го запалиле македонското знаме, се пофалиле на ТикТок