Шпанија се предомисли, па одлучи да го финансира американско оружје за Украина

Од:

Шпанската влада одлучи да се приклучи на програмата PURL на НАТО и да го финансира купувањето американско оружје за Украина, соопштија владини извори.

Според „Ел Паис“, одлуката е донесена по период на двоумење, при што премиерот Педро Санчез разговараше за ова прашање со украинскиот претседател Володимир Зеленски минатата недела, додека министерката за одбрана Маргарита Роблес разговараше со нејзиниот украински колега, Денис Шмихал.

Програмата PURL беше воспоставена минатиот август откако американскиот претседател Доналд Трамп одби да продолжи со бесплатните донации на оружје за Украина.

Земјите од НАТО доброволно се приклучија во финансирањето на купувањето американска воена опрема, вредна околу две милијарди долари, вклучувајќи противвоздушни ракети „Патриот“ и ракети со долг дострел „Химарс“.

Досега, Германија, Холандија, Канада, Данска, Норвешка, Шведска и неколку други земји се вклучени во програмата. Шпанија сега одлучи финансиски да ја поддржи оваа иницијатива, приклучувајќи се кон земјите што ѝ помагаат на Украина во нејзината борба против рускиот напад, особено во пресрет на зимата.

Според договорот потпишан во мај 2024 година, Шпанија веќе ја снабдува Украина со домашно произведена воена опрема во вредност од 1 милијарда долари годишно.

Санчез и Зеленски ќе се сретнат денес на европскиот самит во Брисел, каде што темата ќе биде поддршката за Украина.

Би можело да ве интересира

Иран во ОН ги обвинува ИСИЛ и САД за насилство во земјата

„Фајненшл тајмс“: Лондон и Париз нема да испратат војници во Украина без поддршка од Трамп

Делси Родригез: Венецуела ќе соработува со сите земји, вклучувајќи ги САД, Русија и Кина

Полицијата употреби солзавец и шок-бомби против демонстрантите во Минеаполис

Русија ги обвинува САД за ескалација на тензиите, поттикнувајќи „хистерија“ околу Иран

Мицкоски: Опозицијата продолжува со напади врз нашите стратешки партнери – сега на ред се САД