Шолц: Кога војната ќе заврши, на Русија треба да и се даде шанса, мора да ја обновиме соработката

Од:

Германскиот канцелар Олаф Шолц ја коментираше ситуацијата во Украина во големото интервју што го даде за Цајт.

„Кога Русија ќе го заврши конфликтот во Украина, треба да и се даде шанса повторно да работи со Германија“, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц.

Тој повтори дека Москва нема да победи. „На руската влада која ги прекинува непријателствата и треба шанса да ја обнови економската соработка, во некое друго време кога е можно“, рече Шолц во Берлин на состанокот на Источниот комитет за германски бизнис (ОА), трговско здружение фокусирано на односите со Источна Европа.

„Сега не е време. Во овој момент односите што ги имаме се намалуваат – додаде тој и нагласи дека „ЕУ сега ги заострува санкциите, но Русија ќе остане најголема земја на европскиот континент по решавањето на конфликтот. Затоа е многу важно да се подготвиме за тоа време“.

Шолц го опиша сегашниот конфликт како обид на рускиот претседател Владимир Путин да ја рекреира Руската империја што наместо тоа ја уништува иднината на земјата, и ја обвини Москва за злосторства против украинските цивили. „Русија не смее да победи и нема да победи“, изјави Шолц пред бизнис групацијата.

Би можело да ве интересира

Келог: Украина може да се подели како Берлин по Втората светска војна

А1он

Зеленски: На Украина и требаат десет системи Патриот

А1он

Ракетен напад на Днепар, бројот на ранети се зголемува

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина

Велика Британија испраќа воената помош за Украина од 580 милиони долари

Девет лица загинаа во напад на украинската армија врз селото Махновка во Русија