Шолц: Имам мандат да формирам влада во Германија

Од:

Лидерот на германските социјалдемократи (СПД), Олаф шолц, денеска изјави дека има мандат да формира влада во земјата, пренесуваат француските медиуми. Од друга страна, германските медиуми се уште не ја пренесоа оваа информација, туку само изјавата на лидерот на СПД дека од утре почнуваат разговорите за коалиција со Зелените и либералите, таканаречената „Семафор коалиција“ .

-Граѓаните му дадоа мандат на СПД за формирање влада. Наше е да го спроведеме. Станува збор за напредокот на Германија “,ги пренесува „Шпигел “ зборовите на Шолц што ги изговори на конференцијата во Берлин, каде трите страни почнаа преговори за формирање коалиција.

Потсетуваме, зелените претходно објавија дека сакаат да почнат преговори со социјалдемократите (СПД) и либералите (ФДП) за формирање на таканаречената „семафор коалиција“.

Аналена Баербок од зелените соопшти дека ќе им предложи на либералите на Кристијан Линдер што е можно поскоро да почнат разговари со Олаф Шолц, лидерот на социјалдемократите.

-Германија се соочува со големи предизвици, со кои мора брзо да се справиме, истакна Баербок по состанокот во партијата на кој се одлучуваше за потенцијалните коалициски партнери.

Кристијан Линдер соопшти дека утре ќе се одржи првиот состанок на лидерите на трите партии.

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски