Бесен возач на камион ја изгуби работата откако беше снимен моментот кога се залета со камионот во активисти за климатски промени кои протестираа на главниот пат.
Во средата, шест демонстранти застанаа на патот во Штралзунд, Германија, и го запреа неговиот камион.
На видеото кое брзо почна да кружи на социјалните мрежи се гледа како возачот (41) излегува од камионот и потоа влече еден од демонстрантите на патеката. Тој потоа го турна другиот на земја и го удри со тупаници, а потоа се врати во возилото.
Потоа со камионот влета во двајцата мажи, туркајќи го едниот неколку метри со камионот по асфалтот. За малку ќе го прегазеше пред да закочи.
German truck drivers in Stralsund have absolutely run out of patience with climate protesters. Why aren’t the police taking any action against people who block the roads?
— Ian Miles Cheong (@stillgray) July 13, 2023
По драматичниот инцидент возачот сам се предал во полиција. Одземена му е возачката дозвола, а дали ќе му биде вратена или не ќе одлучи судот.
Работодавачот на возачот, снабдувачот со индустриски гас Ер Ликвајд, изјави за Дојче Пресе-Агентур дека таквото однесување е неприфатливо и дека на раководството на компанијата му било наредено да го спречи возачот да вози натаму за нив.
Полицијата соопшти дека за време на инцидентот нема повредени. Против возачот е покрената истрага за нападот, а против демонстрантите за кршење на законот за собирање и за принуда во патниот сообраќај.