Шојгу: Украина изгуби повеќе од 215.000 војници минатата година

Од:

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска изјави дека руските сили ќе продолжат доследно да ги постигнуваат целите на „специјалната воена операција“ во Украина. Шојгу, на состанокот на военото раководство, рече дека Украина минатата година изгубила повеќе од 215.000 војници и 28.000 парчиња опрема, пренесе Тас.

„Ние ја одржуваме стратешката иницијатива по целата линија на фронтот“, истакна Шојгу.

Тој додаде дека во исто време, украинските војници ги исцрпуваат своите ресурси, а на бојното поле нема резултати.

Шојгу нагласи дека опремувањето на руската армија и морнарица со најсовремени оружја, вклучително и оружје базирано на технологии за вештачка интелигенција, ќе продолжи.

„Одржувањето на руската нуклеарна тријада во висока борбена готовност е една од клучните задачи доделени на Министерството за одбрана од рускиот претседател Владимир Путин“, рече Шојгу.

Тој најави дека Министерството за одбрана на Русија ќе го зголеми снабдувањето на армијата со најпотребното оружје, а особено ќе започне масовно производство на широк спектар на беспилотни летала, пренесува Танјуг.

Би можело да ве интересира

Бела куќа: Украинците одлучуваат кој ќе управува со Украина

Русија: Треба привремена администрација во Украина под покровителство на ОН, САД или европските земји

Зеленски: Украина е силна земја која навистина сака мир

Зеленски: Руските услови за прекин на огнот во Црното Море се нереални

Украина: Русите во Саудиска Арабија одбија да преговараат за запирање на нападите врз цивили

Украина го обвинува главниот пропагандист на Путин за поттикнување геноцид