Шојгу го информира Путин дека некои руски воени вежби се при крај, а други се завршени

Од:

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу му рекол на претседателот Владимир Путин дека дел од воените вежби во земјата се веќе завршени, а други се при крај. Во вежбите учествуваат трупите на речиси сите воени области на Русија, изјави Шојгу во разговор со рускиот претседател.

– Вежбите се од големи размери и се одржуваат во Западниот воен округ, практично во сите флоти: Баренцовото Море, Црното Море, Балтичкото Море, Пацифичката флота. Во нив учествуваат трупи од речиси сите воени области, вклучувајќи го и источниот Воен округ, Централен воен округ, Северна флота, истакна Шојгу.

Претходно беше објавено дека согласно планот за подготовка на руските вооружени сили за 2022 година во периодот јануари-февруари во сите области на одговорност на флотите се серија поморски вежби под генерално раководство на врховниот командант на руската морнарица Николај Евменов.

Повеќе од 140 воени бродови и бродови за поддршка, над 60 авиони, 1.000 единици воена опрема и околу 10.000 војници беа распоредени за учество на вежбите.

Од 10 до 20 февруари се одржуваат заеднички руско-белоруски вежби каде учесниците во маневрите вежбаат за пресретнување и одбивање на надворешна агресија, како и за борба против тероризмот и заштита на интересите на сојузната држава. Руските заеднички воени вежби со Белорусија и другите руски вежби во близина на Украина ги зголемија стравувањата дека Русија можеби се подготвува за инвазија на соседната земја.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Муртезани во Киев потпиша Меморандум за соработка со Украина во процесот на ЕУ интеграција

ВИДЕО: Русија го нападна центарот на Киев со балистички проектили, има мртви

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата