Шмихал: Ја прифатив понудата да бидам министер за одбрана за да ѝ помогнам на Украина да победи

Од:

Новиот министер за одбрана на Украина, Денис Шмихал, ги објасни причините зошто ја прифатил позицијата, велејќи дека неговата цел е да им помогне на вооружените сили на Украина да победат и да ја завршат војната.

Во интервју за BBC Украина, Шмихал истакна дека поканата за преземање на министерството за одбрана дошла од украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој претходно му ја понудил функцијата премиер, објави Укринформ.

Русите предупредуваат: Австрија има обврска за вечна неутралност

„Како и позицијата премиер, позицијата министер за одбрана ја предложи претседателот Зеленски“, рече Шмихал, додавајќи дека го прифатил „предизвикот“ затоа што, како Украинец, верува дека нема ништо поважно од победата во војната.

„Претседателот и јас имавме состанок, тој ми предложи да ја преземам оваа улога со цел да го зајакнам Министерството за одбрана и да го унапредам процесот на преговори“, објасни Шмихал.

Тој ја нагласи разликата помеѓу позициите на премиер, која е политичка, и позициите на министер за одбрана, кои се специфични и поврзани со конкретни воени предизвици.

Би можело да ве интересира

Цензура или демократија: Хаос и критики во Франција поради интервју со Сергеј Лавров

Пезешкијан и се заблагодари на Русија за нејзината поддршка на руски јазик

Орбан: Неправедно е Унгарците да ги трпат последиците од војната во Украина

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски

Ученик тешко повреди другар пукајќи со сигнален пиштол