Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот

Од:

Како дел од иницијативата за вонредно забрзување на приходите (ЕРА), Европската Унија и предаде на Украина една милијарда евра замрзнати руски средства, изјави денеска украинскиот премиер Денис Шмихал.

„ЕУ и префрли на Украина една милијарда евра во рамките на иницијативата ЕРА (вонредно забрзување на приходите). Ова беше објавено за време на нашата средба со европскиот комесар за економија и продуктивност Валдис Домбровскис во Брисел“, напиша Шмихал.

Шмихал рече дека ова е трета транша од иницијативата на Г7, обезбедена од приходите од замрзнатите руски средства и дека средствата ќе бидат насочени кон приоритетните расходи на украинскиот државен буџет, пренесува Укринформ.

Украинскиот премиер додаде дека вкупно европските сојузници и обезбедиле на Украина пет милијарди евра во рамките на програмата ЕРА.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Русија нападна повеќе од 15 енергетски објекти во Украина

На Украинците им се заканува смрзнување: Милиони ќе мора да ги напуштат домовите, предупредува ОН

Украина ги обнови воздушните операции, Москва и Санкт Петербург се главните цели

Русија се закани: Ќе го поделиме Киев

(ВИДЕО) Нов бран разорни напади врз Украина: Најмалку осум загинати, погодени се и трговски центри

ЕУ: За жалење е одлуката на САД за укинување на санкциите за рускиот дизел