Шкотската полиција ги предупреди младите на смртна опасност од екстази со знак на „Ролекс“

Од:

Шкотската полиција ги предупреди младите на смртната опасност која ја носат зелените таблети екстази на кои е втиснат знакот „Ролекс“.

Полицијата предупредува дека таблетите содржат токсични хемикалии, меѓукои е опасниот хемиски стимуланс РМА, кои би можеле да имаат потенцијално смртоносни ефекти, пишува весникот „Дејли рекорд“.

Весникот наведува дека последната жртва е 18-годишна девојка од Александрија во областа Вест Данбартоншир. Со неа во болница биле примени и две женски лица на возраст од 21 и 25 години.

Тоа е седми смртен случај поврзан со таблетите, а полицијата предупредува и на таблети со знакот „Мицубиши“.

Главниот лекар Ричард Стивенсон од болницата во Глазгов изрази длабока загриженост поради случајот.

– Симптомите на труење се висока температура, агресија и болка во мускулите како и халуцинации и преголема возбуденост, изјави тој, додавајќи дека исходот не мора да биде смртоносен, ако пациентот на време се обрати на лекар.

Би можело да ве интересира

Претрес во Кичево, пронајдена дрога, приведени двајца дилери

А1он

Претрес во Мала Речица, пронајдена е дрога

Горан Наумовски

Уапсен дилер од Штип, кај него пронајдена дрога и голема сума пари

Горан Наумовски

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога

Орце Костов

Криминалци од Србија продавале дрога и оружје во Данска, заработиле над два милиони евра

Запленета пратка од 1,7 тони кокаин вреден над 50 милиони долари