Ширум светот одбележан „Часот на планетата Земја“

Од:

Ширум светот со едночасовно гасење на светилките беше одбележана глобалната акција „Часот на планетата земја“.

Во Сиднеј во период од еден час беа изгаснати светилките на Сиднејската опера, во Њу Делхи во мрак беа повеќе згради, а во Куала Лумпур кулите „Петронас“.

Во рамки на акцијата, меѓу другите, замрачени беа и црквата „Свети Василиј“ во Москва, Бранденбуршката порта во Берлин, Ајфеловата кула и уште 300 згради во Париз, како и Тауер Бриџ, Биг Бен, плоштадот Пикадили и повеќе институции во Лондон.

Акцијата се спроведува со симболично гаснење на светилките во периодот од 20.30 до 21.30 часот по локално време, со цел да се укаже на неопходноста од зачувување на Земјата и да се апелира на меѓународно единство во борбата против климатските промени.

„Часот на планетата Земја“ првпат беше организиран во Сиднеј во 2007 година, а годинава кон акцијата се приклучија над 180 држави и десетици милиони луѓе.

Оваа година акцијата се организраше под ,мотото „Поврзи се со планетата“, со цел да се привлече вниманието на јавноста на намалување на биодиверзитетот, односно на разновидноста на животинскиот свет.

По повод акцијата генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш оцени дека „Часот на палнетата Земја“ се одржува во моемнт кога човештвото е под притисок на промените на климата.

– Климатските промени се движат многу побрзо од нас, а последиците од нив веќе се тука, се нагласува во пораката на Гутереш.

Би можело да ве интересира

Земјата соборува глобални рекорди за топлина десетти месец по ред

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

ОН: Озонската обвивка постепено се обновува

Ана Ололовска

Денеска почнува зимата

Ана Ололовска

ЕСА разгледува можност за пренос на енергија од вселената на Земјата

А1он

Научна студија: Никаде на Земјата дождовницата не може да се пие

Ана Ололовска