Шин Фејн за првпат освои најголем број места во парламентот на Северна Ирска

Од:

Ирската националистичка партија Шин Фејн, која е за обединување со Ирска, на локалните избори што се одржаа во четвртокот освои 27 од вкупно 90 места во парламентот на Северна Ирска, додека Демократската унионистичка партија, која две децении доминираше во законодавниот дом, освои 24 места.

Победата на Шин Фејн значи дека тие сега има право да го изберат првиот министер во Белфаст за првпат откако Северна Ирска беше основана како земја со мнозинско протестантско население во 1921 година.

Центристичката партија Алијанса, која не се идентификува ниту како националистичка, ниту како унионистичка, доживеа огромен раст на поддршката и ќе стане вториот голем победник на изборите со 17 пратенички места.

Иако победата на Шин Фејн може да значи историска промена која го покажува опаѓањето на поддршката за унионистичките партии, сè уште е неизвесно што ќе следи на политичката и општествената сцена поради комплицираната процедура за поделба на власта во Северна Ирска и тековните конфликти околу аранжманот за Брегзит.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Молотови коктели фрлени врз полицијата во Северна Ирска пред посетата на Бајден

Ана Ололовска

Полицијата на Северна Ирска: Очекуваме терористички напади на Велигденскиот понеделник

Ана Ололовска

ВИДЕО: Договорен е протоколот за Северна Ирска, познати првите детали

Ана Ололовска

Кралот Чарлс веќе се замори: Се врати во замокот за да земе слободен ден од неговиот напорен распоред

А1он

Почина Дејвид Тримбл поранешeн премиер на Северна Ирска

По оставката на Џонсон, ЕУ најави дека ќе продолжи да бара решенија за Северна Ирска

Ана Ололовска