Кралот Чарлс веќе се замори: Се врати во замокот за да земе слободен ден од неговиот напорен распоред

Од:

Кралот Чарлс се врати во замокот Хајгроув за да земе слободен ден од неговиот напорен распоред и низата обврски по смртта на кралицата Елизабета Втора. Таа цел четврток ќе одмара во својот дом во Глостершир, а Би-Би-Си истакнува дека ова е дел од „Операција Лондон бриџ“, детален протокол за процедурите во случај на смрт на кралицата.

dobivaj vesti na viber

Откако вчера заврши поворката и бдеењето над ковчегот на неговата мајка, кралот Чарлс Трети ја придружуваше сопругата Камила до нејзиниот имот Реј Мил Хаус во Вилтшир со кралски хеликоптер. После тоа, со автомобил отишол до замокот, кој е на 30 минути возење од имотот.

Да потсетиме, Чарлс по смртта на кралицата отпатува од замокот Балморал во Шкотска до Лондон, каде и официјално беше прогласен за крал. После тоа, тој учествуваше во поворката во Единбург, а набргу потоа отпатува во историска посета на Северна Ирска.

Тој од Северна Ирска се врати во Лондон за да го пречека ковчегот на кралицата во Бакингемската палата, а вчера беше на бдеење во Вестминстерската сала.

Покрај тешкиот период зад Чарлс, напорна е и работата на кралот што допрва го чека. Секој ден освен Божиќ, тие ќе добиваат официјални документи од владини министри, претставници на Комонвелтот и дипломатски претставници, а ќе добиваат и извештаи за работата на Парламентот.

 

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Кралот и принцот од Велс ги изненадија луѓето кои чекаат со часови да го видат ковчегот на Кралицата

Катерина Павлова-Николовска

Бизнисот им процвета на Турците по смртта на кралицата: Испратиле над 13 тони цвеќe во Велика Британија

А1он

Маж тврди дека е син на Чарлс и Камил ќе побара од нив да направат ДНК тест

ВИДЕО: Чарлс трети одвај ги задржа солзите на обраќањето во Парламентот, го цитираше и Шекспир

А1он

Кралот Чарлс Трети првпат пристигна во британскиот Парламент како монарх

А1он

Принцот Хари ѝ оддаде почит на Кралицата: Веќе ни недостигаш многу

А1он