Шимон Перес во стабилна, но тешка состојба

Од:

Поранешниот израелски претседател и добитник на Нобеловата награда за мир Шимон Перес е во стабилна, но тешка состојба, изјави изутринава Јицак Крејс, директор на болницата покрај Тел Авив, во која тој вчера беше сместен по претрпениот мозочен удар.

– Перес ја мина ноќта без компликации, додаде Крејс.

Портпаролот на поранешниот претседател изјави дека 93-годишниот Перес се уште е ставен на апарати за дишење на одделението за интензивна нега.

Перес во јануари претрпе лесен инфаркт и пред една недела му беше вграден пејсмејкер.

Шимон Перес кусо време беше премиер меѓу 1984 и 1986 година и за период од осум  месеци по убиството на премиерот Јицак Рабин во 1995 година. Подоцна тој беше избран за претседател и ја заземаше позицијата во периодот 2007-2014 година. На меѓународната сцена имаше репутација на борец за мир и во 1994 година заедно со палестинскиот лидер Јасер Арафат беше удостоен со Нобеловата награда за мир за потпишување на мировните согодби во Осло.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израел презеде контрола над преминот Рафа

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Нетанјаху и забрани на Ал Џезира да емитува програма во Израел

Драма во Малме: Претставничката на Израел на Евровизија предупредена да не го напушта хотелот

Предраг Петровиќ

Нема крај на војната во Газа и по ослободувањето на заложниците тврди израелски функционер

Катерина Ѓуровски

Бајден е под голем притисок за продажбата на оржје на Израел, 90 демократи му напишаа писмо

Катерина Ѓуровски