Шестмина убиени во напад со нож во кинеска градинка

Од:

Шест лица загинаа, а едно е повредено во напад со нож во градинка во кинеската провинција Гуангдонг, јави Би-Би-Си, повикувајќи се на информации од кинеската полиција.

Полицијата откри дека уапсила 25-годишен маж по презиме Ву. Меѓу жртвите има професор, двајца родители и три деца, пренесува AFP, повикувајќи се на портпаролката на градот.

Нападот се случил во неделата вечерта нешто пред полноќ по наше време, а напаѓачот е уапсен утрово околу осум часот.

Полицијата нападот го нарече намерен. Ваквите случаи се многу ретки во Кина, но земјата бележи зголемување на нападите со нож во последниве години, вклучувајќи ги и оние во училиштата и градинките.

Во август минатата година, напаѓач со нож упадна во градинка во југоисточната провинција Џиангси, при што уби три лица, а рани уште шестмина. Во април 2021 година, две деца беа убиени, а 16 други беа повредени во масовен напад со нож во градот Беили, автономниот регион Гуангкси Жуанг. Во октомври 2018 година, 14 деца беа повредени во напад со нож во градинка во југозападниот кинески град Чонгкинг.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Скопјанец тврдел дека сам се повредил со нож

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина